spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Сребрени медали за Стефан и Витомир на Светското првенство во Коња,...

АМС: Сребрени медали за Стефан и Витомир на Светското првенство во Коња, Турција

Двата освоени сребрени медали на Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ на 12-тото Светско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа од 26-30.10.2022 година во Коња, Турција, како и  одличните резултати на младинската репрезентација постигнати на Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа од 04-06.11.2022 година во Бар, Црна Гора каде се освоија 7 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали, беа вистинска причина за прием на претставници на карате федерацијата во Агенцијата за млади и спорт.

-Остварувањата на нашите каратисти, како во сениорска така и во младинска категорија ја прават нашата држава сериозен кандидат на сите меѓународни случувања во карате, потенцираше директорот на Аггенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

-Освојувачите на сребрените медали се млади каратисти кои со својот квалитет можат успешно да се натпреваруваат и во сениорска категорија, истакнаа водечките луѓе во федерацијата.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Мицкоски: Потпишан е договор со ДМ БАУ Интернационал за нова инвестиција...

0
Почитувани, Денес потпишуваме договор за нова инвестиција во државава. Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку 7 милиони евра во следните...