Вчера градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на РЕДИ Самитот кој се оддржа во Скопје, на кој потпиша меморандум за соработка со кој се обврзуваме како општина на иницијатива за воспоставување на систем за примарна селекција на неопасен отпад, подигнување на јавната свест за селектирање на отпад.
Правото на здрава животна средина е фундаменално граѓанско право. Обезбедувањето на чиста, здрава и добро зачувана животна средина од една страна и поддршката на одржлива економија од друга страна е најголемиот предизвик за општина Гази Баба.
Денес претставници од државните институции, невладиниот сектор, социјалните иноватори, претприемачите, како и претставници од европските и меѓународните институции, разговараа за селектирање и рециклирање на одпадот и заштита на животната средина.
Извор: Општина Гази Баба