HomeОпштиниКарпош: Асфалтирање на новопроектираната улица „Партизанска 2“

Карпош: Асфалтирање на новопроектираната улица „Партизанска 2“

spot_img
spot_img

Како дел од планираните активности на Одделението за комунална инфраструктура од Општина Карпош, денеска беше реализирана завршната (втора) фаза од асфалтирањето на новопроектираната улица „Партизанска 2“, која се наоѓа во населбата Долно Нерези.

Имено, вчера  беше поставен првиот основен слој на асфалтна база на овој коловоз во должина од 108 метри и широчина од шест метри. Од двете страни на улицата беа асфалтирани и патеките во широчина од 1,5 метри, со цел безбедно движење на пешаците во сообраќајот. Проектот го изработи ЈП „Улици и патишта “ – Скопје, а изведувач на работите е градежната фирма БИТЕМ. Вкупната вредност на овој инфраструктурен зафат изнесува 2.600.000 денари.

 

 

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија