Како дел од планираните активности на Одделението за комунална инфраструктура од Општина Карпош, денеска беше реализирана завршната (втора) фаза од асфалтирањето на новопроектираната улица „Партизанска 2“, која се наоѓа во населбата Долно Нерези.
Имено, вчера беше поставен првиот основен слој на асфалтна база на овој коловоз во должина од 108 метри и широчина од шест метри. Од двете страни на улицата беа асфалтирани и патеките во широчина од 1,5 метри, со цел безбедно движење на пешаците во сообраќајот. Проектот го изработи ЈП „Улици и патишта “ – Скопје, а изведувач на работите е градежната фирма БИТЕМ. Вкупната вредност на овој инфраструктурен зафат изнесува 2.600.000 денари.
Извор: Општина Карпош