spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Обезбедена директна поддршка за општините од 50 милиони евра за инфраструктурни...

МФ: Обезбедена директна поддршка за општините од 50 милиони евра за инфраструктурни проекти

Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедуваат 50 милиони евра директна финансиска поддршка за општините во РС Македонија за реализација на проекти за подобрување на водната инфраструктура. Договорите за реализација на овој проект денеска беа потпишани од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир.

„Овој договор, што претставува потврда за континуираната поддршка од ЕИБ на РС Mакедонија, обезбедува нови 50 милиони евра директна финансиска поддршка на Владата којашто ќе се дистрибуира до општините и општините во градот Скопје како донација за реализација на проекти од комуналната инфраструктура. Овој проект е дел од политиките на Владата на Република Северна Македонија за рамномерен регионален развој и се очекува преку инвестиции во комуналната инфраструктура да се стимулира развојот на општините во земјата“, истакна министерот Бесими на потпишувањето на договорите.

Тој додаде дека тоа ќе значи подобрување на условите за живот на граѓаните, особено во руралните средини, и доближување на нашата земја до стандардите на ЕУ.

Потпретседателката на ЕИБ потенцира дека ова е стратешка инвестиција за земјата со поддршка од страна на европскиот тим и е приоритет за обезбедување подобри услови за живот на граѓаните, како и за патот кон ЕУ и усогласувањето со европските стандарди. „Ќе помогне“, потенцира таа, „да се обезбедат финансиски средства за секторот за водоводна инфраструктура и да им обезбеди на нашите локални партнери долгорочен финансиски извор за да ги комплетираат нивните потреби и одржливи цели“.

 

Средствата обезбедени со оваа кредитна линија ќе бидат имплементирани преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Ние веќе пристапивме кон идентификување на потребите на локалните самоуправи и очекуваме дека тие ќе покажат зрелост и ќе имаат достатен капацитет да ја обезбедат потребната проектна документација за да имаме брза и успешна имплементација од којашто, пак, ќе зависи повлекувањето нови достапни инвестиции. Обезбедување чиста вода за пиење за сите жители е еден од врвните приоритети на патот кон Европската Унија“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Средствата ќе бидат искористени за рехабилитација, модернизација и проширување на инфраструктурата за водоснабдување, инфраструктурата за собирање и третман на отпадни води, системите за атмосферска канализација и за итни мерки за заштита од поплави, како и набавка на специјализирана опрема за одржување.

Условите под кои ќе ѝ биде доделен заемот на РС Македонија се исклучително поволни. Рокот за отплата изнесува до 25 години, со вклучен грејс период до пет години.

ЕИБ е значаен партнер на РС Македонија при реализација на приоритетните проекти во областа на енергетиката, инфраструктурното поврзување, зелената транзиција, како и во зголемувањето на конкурентноста на домашните компании.

Од 1991 година досега ЕИБ ја има поддржано нашата економија со над една милијарда евра инвестиции во клучни инфраструктурни проекти како и за поддршка на мали и средни компании, а во моментов нејзината поддршка во проекти во јавниот сектор изнесува околу 200 милиони евра.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...