spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: „Поблиско вмрежување и интеракција со земјите од ЕУ, како и со...

МНР: „Поблиско вмрежување и интеракција со земјите од ЕУ, како и со партнерските земји на ОБСЕ”

Во рамки на Регионалниот Форум на Унијата за Медитеранот, што денес се одржува во Барселона, Министрите за надворешни работи на 42 земји – членки едногласно ја донесоа одлуката за полноправното членство на Република Северна Македонија во Унијата за Медитеранот – организација која ги вклучува сите земји членки на ЕУ како и медитеранските земји кои не се дел од ЕУ.

При своето обраќање на свечениот чин на пристапувањето, Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи изрази благодарност за препознавањето на вистинскиот интерес на Северна Македонија да се приклучи на Унијата за Медитеранот, како и за дадената доверба.

„Нашето учество во Унијата за Медитеранот како платформа за регионална соработка и дијалог ќе ни овозможи како земја со отпочнати преговори за членство во ЕУ, поблиско вмрежување и интеграција на Северна Македонија во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен и соодветна интеракција со земјите од Европската Унија и петнаесетина земји од Јужниот и Источниот Медитеран“ рече Османи.

Османи, меѓу другото, истакна дека Северна Македонија, со својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, придонесува за стабилноста на Југоисточна Европа преку промовирање на европските вредности, добрососедски односи, регионална соработка и културата на дијалог. И дека како таква, со денешното  приклучување во работата на организацијата, Северна Македонија ќе се обиде да придонесе за промовирање на растот, вработувањето, регионалната кохезија и социоекономската интеграција, додавајќи вредност на севкупните односи во Евро-медитеранскиот регион.

 


 

Поздравно обраќање на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи

Почитуван вице-премиер и министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарез,

Почитуван вице-премиер и министер за надворешни работи Ајман Сафади,

Почитуван потпретседател на Европската комисија и висок претставник Жозе Борел,

Почитуван генерален секретар на Унијата за Медитеранот, Насер Камел

Почитувани министри и високи функционери,

Дозволете ми да го изразам моето огромно задоволство што денес сум тука за да го одбележиме официјалното пристапување на Северна Македонија во вашата ценета организација.

Искрено сум благодарен што го препознавте вистинскиот интерес на Северна Македонија да се приклучи на Унијата за Медитеранот и денес ја усвоивте Министерската декларација со која се овозможи нашето пристапување. Јас бев тој што го иницирав процесот и овој ден ќе ми остане како многу драг.

Нашето учество во Унијата за Медитеранот како платформа за регионална соработка и дијалог ќе ни овозможи како земја со отпочнати преговори за членство во ЕУ поблиско вмрежување и интеграција на Северна Македонија во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен и соодветна интеракција со земјите од Европската Унија и петнаесетина земји од Јужниот и Источниот Медитеран.

И не само тоа.

Членството во Унијата за Медитеранот да се приклучиме на Евро-медитеранскиот регион како колевка на цивилизации каде што отсекогаш припаѓаме историски, духовно, културно.

Од денес веќе се приклучуваме во работата на организацијата и ќе се обидеме да придонесеме за промовирање на растот, вработувањето, регионалната кохезија и социо-економската интеграција, додавајќи вредност на севкупните односи во Евро-медитеранскиот регион.

Северна Македонија, со својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, придонесува за стабилноста на Југоисточна Европа преку промовирање на европските вредности, добрососедски односи, регионална соработка и културата на дијалог.

Тоа е нашиот негуван заштитен знак и се надеваме дека ќе ги збогатиме нашите заеднички  намери, а и ќе помогнеме и во изнаоѓање ефективни начини за соочување со регионалните предизвици.

Сакам да го истакнам нашиот безрезервен придонес во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и да напоменам дека во 2023 година го преземаме претседавањето со ОБСЕ, со што ги земаме предвид приоритетите и на ЕУ и на земјите од Јужниот и Источниот Медитеран.

Во оваа насока, би сакал да ја повторам мојата лична благодарност до мојот драг пријател, министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади за неговата огромна поддршка и соработка во успешната организација на Медитеранската конференција на ОБСЕ овој октомври.

На наша иницијатива, во Јордан се одржа Медитеранската конференција на ОБСЕ, која по 7 години се врати на оваа страна од Медитеранот во корист на нашиот зајакнат дијалог и соработка со медитеранските партнери.

Оттука, уверен сум дека Северна Македонија, како најнова членка на Унијата за Медитеранот, посветено ќе се ангажира во координираните напори на организацијата, и уште еднаш, би сакал да изразам најсрдечна благодарност за поддршката од сите земји членки и донесената одлука за пристапување на нашата држава во сега веќе нашата Унија за Медитеранот.

Ви благодарам многу.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...