МНР: „Афирмација на културата за дијалог – амбиција на нашето претседавање со ОБСЕ“

МинистерстваМНР: „Афирмација на културата за дијалог - амбиција на нашето претседавање со...

Најчитано

Во рамки на учеството на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот, во Барселона, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари билатерални средби со неговите хомолози од Шпанија и Португалија.

На средбите беше изразено заемно задоволство од пристапувањето на земјата во Унијата за Медитеранот, нагласувајќи ја важноста на регионалниот дијалог и соработка за градење на силни општества во евро-медитеранскиот регион.

На средба со неговиот домаќин, заменик премиерот и министер за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралство Шпанија, Хозе Мануел Албарес, Османи се осврна на двата надворешно-политички приоритети на нашата држава во претстојниот период – европското досие во светло на шпанското претседавање со ЕУ во втората половина на 2023 и претседавањето со ОБСЕ, како и партнерството во рамки на НАТО.

Шпанија останува гласен поддржувач на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската унија, потенцираше министерот Албарез, брифирајќи за шпанското претседателство со Советот на ЕУ во втората половина на 2023 година и состанокот на Европската политичка заедница, кој есента 2023 ќе се одржи во Шпанија.

Во фокус на средбата со министерот за надворешни работи на Португалската Република, Жоао Гомес Кравињо, беше динамизираниот политички дијалог по посетата на португалскиот министер за надворешни работи на Северна Македонија во јули оваа година, како и одличната мултилатерална соработка, со акцент на нашето претседавање со ОБСЕ идната година. Осврнувајќи се на нарушената безбедносна архитектура во Европа, двајцата министри го потврдија сојузништвото во рамки на НАТО, а португалскиот шеф на дипломатијата уште еднаш ја реафирмираше цврстата поддршка на наша забрзана интеграција во ЕУ.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе