Директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски е во работна посета на Берлин , Сојузна Република Германија на која учествуваат и претставници на управниот одбор на “RYCO” , како и претставници на земјите од Западен Балкан , Србија , Црна Гора, Босна и Херцеговина , Албанија и Косово.
Оваа работна средба е на покана на француско- германската канцеларија за млади во соработка со министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Канцеларијата на “RYCO “има значајна и клучна улога за соработката и спојувањето на младите од Западен Балкан .
За младите тоа е можност на отворање нови перспективи и гледишта заедно со своите врсници од останатите земји. Клучно за младите е одличната соработка и можност за нови искуства.
Извор: Агенција за млади и спорт