Министерот Нуредини учествуваше на годишната работилница на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) на тема: „Одржливо управување со отпад“, на која се дискутираше за светските трендови за управување со отпадот.
Министерот Нуредини ја потенцираше важноста на развивање на системот за селектирање на отпадот, улогата на колективните постапувачи со отпад во овој процес, како и развивање на рециклирачките капацитети со кои отпадот ќе се трансформира во придобивка.
Во тек на воспоставување на регионалниот сиситем на управување со отпад ќе им се помогне на општините за обезбедување на садови за селектирање на отпадот, исто така и на потребната механизација , но напоредно мора да се развиваат и навиките и свеста кај населението за селектирање на отпадот.