spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски е нов претседател на Советот за развој на Скопскиот...

Илинден: Градоначалникот Георгиевски е нов претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион

Советот за развој на Скопскиот плански регион, на денешната седница го избра градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски за нов претседател на Советот за развој со мандат од една година.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ја доби доверба да раководи со Советот за развој на Скопскиот плански регион кој опфаќа 17 Општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, доаѓа на местото на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој изминатата година ја вршеше функцијата претседател.

– Чест и задоволство е да се раководи со Советот за развој на Скопскиот плански регион, ќе ја продолжам успешната работа на мојот претходник, Бобан Стефковски кој посветено работеше, ќе ја реализирам програмата за развој и сите проекти кои се предвидени за работа во следните 365 дена од мандатот“, рече Александар Георгиевски, новиот претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион.

Основна задача во работењето на новиот претседател на Советот за развој ќе биде јакнење и развивање на капацитетот на мрежите на локалната самоуправа, интензивна соработка со бизнис секторот со цел зголемување на вложувањата во локалната самоуправа и подигање на квалитетот на живеење за сите граѓани од Скопскиот регион.

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...