spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Некој функционер го искористил дискреционото право овозможувајќи предвремено полагање на правосудниот...

МП: Некој функционер го искористил дискреционото право овозможувајќи предвремено полагање на правосудниот испит

Министерот за правда Никола Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања за положениот правосуден испит на Барлет Џафери во 2015 година  рече дека некој функционер го искористил дискреционото право за предвремено полагање.

„Доколку навистина постојат случаи кои се граничат со примената на законот, тогаш би требало да реагираат и другите институции. Целата состојба треба да се провери. Не се работи за еден случај, туку се работи за примена на дискреционо право на именуван функционер. Дефинитивно, некој го искористил тоа дискреционо овластување и токму затоа од тие причини законот е изменет за да не постои никаква можност во иднина. Јас 10 месеци сум министер, не сум ни помислил да дадам некој предвремено да полага правосуден испит“ изјави Тупанчески.
Министерот Тупанчески посочи дека станува збор за три законски акти од Законот за правосуден испит донесен во 2013 година. Измените и дополнувањата се направени во 2015 година, а во 2019 година е донесен нов Закон за правосуден испит.
Во однос на состојбите во правосудниот систем, Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека е неопходно да се направи филтрација во судството и обвинителството.
„Ветингот,  подолго време се заговара во нашата држава, зрее идејата да се движиме во таа насока како општество. Му треба ресетирање на македонското општество, затоа што еднаш засекогаш мора да се направи таа филтрација во судството. Не сите судии се лоши, не сите се добри. Треба филтрација“, рече Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во функција на најголемата дигитална судница во Идризово.

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...