spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски наместо лажно да протестира нека одговори зошто како директор на...

МЗШВ: Трипуновски наместо лажно да протестира нека одговори зошто како директор на ДИЗ дозволил негови блиски луѓе со години да узурпираат државно земјиште

Очајни се обидите на Цветан Трипуновски да протне нова лага. Уште еднаш Цветан покажа дека нема никакво познавање од земјоделството. Трагично е тоа што Цветан излегол на протест со двајца негови членови, кои до сега, без да плаќаат закуп кон државата го узурпирале истото земјиште за кое денес протестираат. Токму Цветан бил директор на ДИЗ во периодот кога овие лица го узурпирале земјиштето, па наместо соодветно да постапи, он како тогашен директор ги заштитувал во узурпацијата. Денес за нивната узурпација има записници од страна на ДИЗ и пропишани прекршочни казни. Истите лица кои денес со Цветан протестираат иако имале можност да аплицираат на распишаниот оглас за ова земјиште, тие не аплицирале. Лага е и дака фирмата е ослободена од плаќање. Напротив истата ќе плаќа годишен закуп од 27.500 евра, додека за разлика од нив лицата кои протестираа со години узурпирале земјоделско земјиште без ниту еден денар закуп да и платат на државата.

 

Наша цел како министерство е секоја една педа обработлива земја да ја ставиме во функција за прозиводство на храна, на тоа посветено работевме и успеавме во нашата цел. Јавно и транспарентно распишавме 7 огласи преку кои на располагање ставивме над 13.000 хектари државно земјоделско земјиште, за производство на житни култури, сточна храна и подигнување на долгогодишни насади. Овие јавни огласи предизвикаа досега рекорден интерес кај земјоделците. Само кај огласот со намена за обработка на житни култури имаме склучени 258 договори, однсно над 2.000 хектари нови површини со житни култури за поголемо домашно производство на храна.

 

Успешната реализација и големиот интерес кај земјоделците кај овие огласи е токму тоа што го мачи Цветан. Не може Цветан да разбере дека може едно министерство да работи по закон и без никаква селекција. Не може да разбере бидејќи токму тие со нивните локални шерифи ги делеа земјоделците по разни основи уценувајќи ги со одземање на земјиштето или субвенциите.

 

Земјоделците многу добро знаат кој искрено се грижи за нив и креира мерки и политики преку кои се помага и развива македонското земјоделство и кој тогаш кога имал можност да креира мерки за земјоделците одбрал да го развива барокот и гипсот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...