spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Средношколците масовно го искористија електронското аплицирање за стипендии, ја забрзуваме дигитализација...

МОН: Средношколците масовно го искористија електронското аплицирање за стипендии, ја забрзуваме дигитализација на услугите

Министерството за образование и наука посветено работи на олеснување на аплицирањето за остварување на повеќе права во областа на образованието, преку воведување на електронско поднесување документи. Дигитализацијата при аплицирањето за ученички стипендии за учебната 2022/2023 година, придонесе оваа година за прв пат да нема долги колони ученици и родители/старатели да чекаат пред министерството за да ги поднесат потребните документи.

– Најголемиот број на пристигнатите апликации за ученички стипендии, оваа година се во електронска форма, што е сигнал за МОН дека средношколците ги следат модерните случувања во полето на ИКТ технологијата, ги прифаќаат најсовремените начини на комуникација, што ни дава за право да потврдиме дека напредуваме кога е во прашање прифаќањето на дигитализацијата, изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Дигитализацијата на оваа услуга, го олеснува разгледувањето на пристигнатите документи, полесно се креираат ранг листите со што се скратува и времето на генерирање на решенијата за стекнување со правото на ученичка стипендија, при што самиот процес за аплицирање е целосно транспарентен и апликантите се информирани за статусот на барањето.

– Верувам дека овогодинешниот тренд за електронско аплицирање за ученичките стипендии ќе продолжи и  следните години, со што полека ќе се напушти стариот систем на аплицирање со достава на хартиени документи во просториите на МОН, додаде Шаќири.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...