spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИ ЕКСПЕРТИ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ„Зајакнување на националните капацитети...

МЖСПП: ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИ ЕКСПЕРТИ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ„Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за идентификација на локации контаминирани со жива“

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИ ЕКСПЕРТИ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ„Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за идентификација на локации контаминирани со жива“

Министерството за животна средина и просторно планирање, преку проектната канцеларија за неразградливи органки загадувачи (POPs) е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за процена на локација контаминирана со жива“. Проектот има за цел зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива преку ажурирање на постоечките инвентари на жива,  идентификување на националните приоритети во управувањето со живата,усвојување на сеопфатен Национален план за имплементација и детална стратегија за проценка на локациите загадени со жива.

Јавниот оглас се однесува на следните позиции:

  1. Национален сениор експерт 1 – за ажурирање на инвентарот за жива

Локација: Скопје и неколку локации во земјава

Времетраење: 1 година сметано од денот на потпишувањето на договорот за ангажирање

Основна плата: 31.000 денари бруто (предмет на персонален данок на доход)

Опис на работното место и главни задачи:

Националниот сениор експерт 1 ќе биде ангажиран повремено за период од една година, за реализација на активности поврзани со првата компонента од проектот, односно „Ажурирање на инвентарите на жива“, кои пак инвентари беа подготвени во рамките на проектот „Иницијална оценка на состојбата со жива во Република Македонија“.  Улогата на сениор експерт 1 е да обезбеди проектните активности поврзани со ажурирање на инвентарот на жива резултираат со изработка на квалитетен инвентар на ослободувањата на жива, кои ослободувања и емисии ќе ги квантификува на начин со кои ќе се обезбеди висок степен на валидност на проценките.

Во тесна координација со членовите на Проектниот тим, како и со сениор експертот 2 и со јуниор експертот, националниот сениор експерт 1 ќе им помогне на проектните партнери во спроведувањето на проектните активности и резултати преку извршување на следново:

  • Разгледување на постојниот инвентар на жива и  согледување на недостатоците во инвентарот;
  • Дефинирање  на матрици за примеркување и анализа (во соработка со другиот сениор експерт) со цел надминување на утврдените недостатоците во инвентарот, како и изработка на план за примеркување на различните матрици;
  • Дефинирање на работните групи за ажурирање на инвентарот на жива, како и дефинирање на работниот план и задачите на работните групи (во соработка со другиот сениор експерт);
  • Примеркување на дефинираните матрици (во соработка со другиот сениор експерт), нивно соодветно пакување, обележување и испраќање на анализа во акредитирана лабораторија за евентулно присуство на жива во истите;
  • Учество во воведната работилница со цел запознавање на чинителите за проектните активности, како и за нивната инволвираност во истите;
  • Спроведување на тренинг на работните групи  формирани за ажурирање на инвентарот на жива (во соработка со другиот сениор и јуниор експерт);
  • Обработка на податоците од работните групи (во соработка со другиот сениор експерт);
  • Ажурирање на постоечкиот инвентар на жива врз основа на обработените податоци и анализи (во соработка со другиот сениор и јуниор експерт).

Потребни квалификации:

–          Државјанство на Република Северна Македонија;

–          Да има општа здравствена способност за работното место,

–          Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Ниво на квалификациите:

–          Магистер или Доктор на науки во областа на хемиските науки, технологија, животна средина или машинство;

–          Најмалку 10 години искуство и одлично експертско познавање во областа на животна средина, управување со хемикалии и со искуство во аналитичка хемија и изработка на инвентари на хемикалии, а особено на инвентари на жива;

–          Познавање на целиот животен циклус на хемикалиите во индустриските процеси;

–          Искуство во спроведување на Меѓународните конвенции за хемикалии, а особено на Минамата конвенцијата за жива. Учеството во работата на работни групи на Минамата конвенцијата ќе се смета за предност;

–          Познавање на меѓународните прирачници за еколошки прифатливо управување со отпад кој содржи или е контаминиран со жива или живини соединенија, а особено прирачникот од UNEP „Прирачниик за идентификација и квантификација на ослободувањата на жива“.

  1. Национален сениор експерт 2 – за ажурирање на инвентарот за жива

Локација: Скопје и неколку локации во земјава

Времетраење: 1 година сметано од денот на потпишувањето на договорот за ангажирање

Основна плата: 26.000 денари бруто (предмет на персонален данок на доход)

Опис на работното место и главни задачи:

Министерството за животна средина и просторно планирање е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за процена на локација контаминирана со жива“. Проектот има за цел зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива преку ажурирање на постоечките инвентари на жива,  идентификување на националните приоритети во управувањето со живата,усвојување на сеопфатен Национален план за имплементација и детална стратегија за проценка на локациите загадени со жива.

Националниот сениор експерт 2 ќе биде ангажиран повремено за период од една година, за реализација на активности поврзани со првата компонента од проектот, односно „Ажурирање на инвентарите на жива“, кои пак инвентари беа подготвени во рамките на проектот „Иницијална оценка на состојбата со жива во Република Македонија“.  Улогата на сениор експерт 2 е да обезбеди проектните активности поврзани со ажурирање на инвентарот на жива резултираат со изработка на квалитетен инвентар на ослободувањата на жива, кои ослободувања и емисии ќе ги квантификува на начин со кои ќе се обезбеди висок степен на валидност на проценките.

Во тесна координација со членовите на Проектниот тим, како и со сениор експертот 1 и со јуниор експертот, националниот сениор експерт 2 ќе им помогне на проектните партнери во спроведувањето на проектните активности и резултати преку извршување на следново:

  • Разгледување на постојниот инвентар на жива и  согледување на недостатоците во инвентарот;
  • Дефинирање  на матрици за примеркување и анализа (во соработка со другиот сениор експерт) со цел надминување на утврдените недостатоците во инвентарот, како и изработка на план за примеркување на различните матрици;
  • Дефинирање на работните групи (во соработка со другиот сениор експерт) за ажурирање на инвентарот на жива, како и дефинирање на работниот план и задачите на работните групи;
  • Примеркување на дефинираните матрици (во соработка со другиот сениор експерт), нивно соодветно пакување и обележување;
  • Учество во воведната работилница со цел запознавање на чинителите за проектните активности, како и за нивната инволвираност во истите;
  • Спроведување на тренинг на работните групи  формирани за ажурирање на инвентарот на жива (во соработка со другиот сениор и јуниор експерт);
  • Учество во обработката на податоците од работните групи (во соработка со другиот сениор експерт);
  • Учество во ажурирањето на постоечкиот инвентар на жива врз основа на обработените податоци и анализи.

Потребни квалификации:

–       Државјанство на Република Северна Македонија;

–       Да има општа здравствена способност за работното место,

–       Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Ниво на квалификациите:

–       Најмалку 10 години искуство и одлично експертско познавање во областа на животна средина, управување со хемикалии и со искуство во аналитичка хемија и изработка на инвентари на хемикалии, а особено на инвентари на жива,

–       Познавање на целиот животен циклус на хемикалиите во индустриските процеси,

–       Искуство во спроведување на Меѓународните конвенции за хемикалии,

–       Искуство во спроведување на Минамата конвенцијата за жива,

–       Познавање на меѓународните прирачници за еколошки прифатливо управување со отпад кој содржи или е контаминиран со жива или живини соединенија, а особено прирачникот од UNEP „Прирачниик за идентификација и квантификација на ослободувањата на жива“.

  1. Национален јуниор експерт – за ажурирање на инвентарот за жива

Локација: Скопје

Времетраење: 1 година сметано од денот на потпишувањето на договорот за ангажирање

Основна плата: 21.000 денари бруто (предмет на персонален данок на доход)

Опис на работното место и главни задачи:

Министерството за животна средина и просторно планирање е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за процена на локација контаминирана со жива“. Проектот има за цел зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива преку ажурирање на постоечките инвентари на жива,  идентификување на националните приоритети во управувањето со живата,усвојување на сеопфатен Национален план за имплементација и детална стратегија за проценка на локациите загадени со жива.

Националниот јуниор експерт ќе биде ангажиран повремено за период од една година, за реализација на активности поврзани со првата компонента од проектот, односно „Ажурирање на инвентарите на жива“, кои пак инвентари беа подготвени во рамките на проектот „Иницијална оценка на состојбата со жива во Република Македонија“.  Улогата на јуниор експерт е да обезбеди проектните активности поврзани со ажурирање на инвентарот на жива резултираат со изработка на квалитетен инвентар на ослободувањата на жива, кои ослободувања и емисии ќе ги квантификува на начин со кои ќе се обезбеди висок степен на валидност на проценките.

Во тесна координација со членовите на Проектниот тим, како и со двата сениор експерти, националниот јуниор експерт ќе им помогне на проектните партнери во спроведувањето на проектните активности и резултати преку извршување на следново:

  • Дефинирање на работните групи (во соработка со сениор експертите) за ажурирање на инвентарот на жива, како и дефинирање на работниот план и задачите на работните групи;
  • Учество во воведната работилница со цел запознавање на чинителите за проектните активности, како и за нивната инволвираност во истите;
  • Асистенција на сениор експертите во спроведување на тренинг на работните групи  формирани за ажурирање на инвентарот на жива;
  • Комуникација со членовите на работните групи со цел прибирање на потребните податоци;
  • Асистенција на сениор експертите во ажурирање на постоечкиот инвентар на жива врз основа на обработените податоци и анализи.

Потребни квалификации:

–       Државјанство на Република Северна Македонија;

–       Да има општа здравствена способност за работното место,

–       Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Ниво на квалификациите:

–       Завршено високо образование од областа на хемиските науки, технологија, животна средина, или машинство. Предност диплома за магистерски науки од горенаведените области;

–       Најмалку 3 (три) години работно искуство во областа на управувањето со хемикалии во животна средина;

–       Искуство во евидентирање на инвентари на различни групи на хемикалии;

–       Спроведување на Меѓународните конвенции за хемикалии.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Пријавите треба да бидат поднесени на англиски јазик и истите треба да ги вклучат следните документи:

–       Мотивациско писмо не подолго од една страна, во кое ќе се наведат главните причини за аплицирањето;

–       Биографија во стандардизиран Europass формат;

–       1 (една) препорака од претходни ангажмани на исти/сродни позиции.

Пријавите се поднесуваат по електронски пат на следната адреса: s.andonova@pops.org.mk

Рокот за пријавување е 09.12.2022 год., до 23:59 часот (Средноевропско време).

Кандидатите ќе бидат евалуирани врз основа на претходно утврдена методологија, во рок од 5 работни дена од завршувањето на огласот. Овој рок може да биде продолжен во случај на поголем број на добиени апликации.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...