spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Во борбата против АСЧ, EFSA донираше налепници и постери за одгледувачите...

АХВ: Во борбата против АСЧ, EFSA донираше налепници и постери за одгледувачите на свињи

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција на едукативни налепници и постери за подигнување на јавната свест за опасноста од болеста африканска чума кај свињите, наменети за ветеринарните друштва, одгледувачите на свињи и ловечките друштва. Налепниците и постерите се донација од Европската агенција за безбедност на храната – EFSA, како поддршка на АХВ, во спроведувањето на активностите од кампањата „Стоп за Африканската чума кај свињите“.

Кампањата е дел од напорите кои ги вложува Европската комисија и други меѓународни тела за спречување на ширење и ставање под контрола на болеста во Европската унија и соседните земји и покрај кај нас, таа се спроведува во регионот  и во неколку ЕУ држави.

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, во согласност со меѓународните стандарди, презема голем број контролни и заштитни мерки за ставање под контрола на болеста која во јануари годинава за прв пат беше потврдена и кај нас.

 

1

 

Со цел спречување на појавување, неколку години наназад АХВ активно работеше на подигнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми, воспоставен беше мониторинг на присуство на Африканска чума кај дивите свињи, извршена беше категоризација на свињарските фарми во однос на степенот на ризик и имплементираноста на биосигурносните мерки и спроведена беше идентификација на сите свињи на фармите.

Подготвена и во функција беше ставена апликација за пријавување на угинати диви свињи и реализирани беа голем број едукативни работилници за фармерите, ловните друштва, ветеринарните друштва и комерцијалните одгледувачи на свињи обуки, со цел нивно обучување за препознавање на симптомите на болеста. Интензивирана беше и соработката со другите државни институции и со невладиниот сектор.

Во услови на преземање активни мерки за ставање под контрола и спречување на ширење на вирусот на африканската чума кај свињите од регионите каде досега е потврдено присуството на болеста, оперативен е Планот за итни мерки и Оперативниот прирачник за справување со Африканска чума кај свињите кои ги подготви АХВ.



 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...