spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаГерманија останува силен поддржувач на Северна Македонија на патот кон остварување на...

Германија останува силен поддржувач на Северна Македонија на патот кон остварување на европските цели

Денеска, заменичката на претседателот на Владата на Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска имаше проштална средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.

Во оваа пригода, вицепремиерката Грковска ѝ се заблагодари на амбасадорката Холштајн за успешната соработка за време на нејзиниот мандат во Северна Македонија, како и за дадената поддршка на патот кон НАТО и Европската Унија.

Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка цел за Република Северна Македонија. Имајќи го ова предвид, клучниот приоритет е реализација на ефикасни реформи кои ќе значат економска интеграција, консолидација на законодавството и институциите и владеење на правото. Северна Македонија останува на определбата да гради добрососедски односи и регионална соработка.

Воедно вицепремиерката Грковска на амбасадорката Холштајн ѝ посака среќа во понатамошното работење во дипломатската кариера, уверена дека Германија ќе остане да биде силен поддржувач на нашата земја на патот кон Европската Унија.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Известување

0
Поради реконструкција на партерното уредување на улица „Андон Шурков“ и реконструкција на паркингот,  се информираат граѓаните кои живеат на тој дел од градот, да...