spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМВР: „Зголемување за 95% во откривањето на прекуграничниот криминал на западната граница,...

МВР: „Зголемување за 95% во откривањето на прекуграничниот криминал на западната граница, за 7% намален криминалитетот во СВР Тетово, годинава намалување на бројот на сообраќајни несреќи во СВР Охрид“

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со раководствата на СВР Тетово, СВР Охрид, како и Регионалниот центар Запад со цел согледување на сработеното како и лично запознавање со реализираните активности во 2022 година и постигнатите резултати. На средбата министерот Спасовски беше информиран за безбедносната состојба на подрачјата на СВР Тетово, СВР Охрид и Регионалниот центар Запад, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои се преземаат, во насока на намалување на стапката на криминалитет, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел – подигнување на безбедноста и заштита на граѓаните.

Министерот Спасовски напомена дека на територијата на СВР Тетово во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период во 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 7 проценти.

„Она што посебно би сакал да го истакнам и што бездруго охрабрува е дека севкупната ефикасност во откривачката  функција годинава е значително зголемена и се движи околу 78 проценти. Позитивен тренд во 11-те месеци годинава е присутен  и во областа на безбедноста во сообраќајот. Во овој период санкционирани се 24.304 сообраќајни прекршоци, од кои најбројни се за брзо возење (3602), а за одбележување е и податокот дека намален е бројот на сообраќајни несреќи за 3 проценти што се должи на континуираните акциски контроли, реализирани во и надвор од населените места, не само дење, туку и во ноќните часови, со користење на таканаречен ноќен радар“, истакна Спасовски.

Што се однесува за територијата на СВР Охрид, Спасовски истакна дека стапката на криминалитет во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период 2021 година е намалена за 14,4% а зголемена е откривачката дејност со што e постигната ефикасност во расветлувањето од 3,3 % повеќе во споредба со ланската година. „Во делот на класичниот криминал бележиме зголемување на ефикасност во расветлување на кривичните дела за 8% во споредба со ланската година и намалување на регистрирани кривични дела од 9 %. Во областа на сообраќајот за 11 месеци во 2022 година компаративно со ланската година имаме намалување за 4% во однос на сообраќајни незгоди“, дециден беше Спасовски.

За територијата која е во надлежност на Регионалниот центар Запад Спасовски потсети дека делот на откривање на прекуграничниот криминал и илегалната миграција бележиме покачување од 95 %. „Во однос на откривачката дејност, откриени се четири парцели насадени со марихуана при што се запленети 524 стебла со зелена тревкаста материја. Годинава преземавме и низа активности по водите на Охридско Езеро и на копно со цел откривање на незаконско влегување и шверц на стока, откривање на Кривични дела „Незаконит риболов“ и прекршоци од Закон за внатрешна пловидба и Закон за рибарство и аквакултура, при што бележиме покачување од 91%“, истакна министерот, додавајќи дека во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период минатата година регистрирано е зголемување на протокот на патници за 27 %.

Министерот Спасовски изрази уверување дека и во наредниот период ќе се продолжи со зголемена динамика при реализација на превентивните активности, но и на репресивните мерки, па со добри резултати во поглед на ефикасноста ќе ја испратиме оваа година, што ќе биде дополнителен мотив за уште подобри резултати во годината што следи.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте