spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаИзминатото деноноќие произведени 15.491 MWh електрична енергија и со домашно производство целосно...

Изминатото деноноќие произведени 15.491 MWh електрична енергија и со домашно производство целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ на 15.12.2022година произведе 15.491 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 13.235 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.256 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 15.12.2022 година.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...