HomeВладаФетаи: Борбата против корупцијата – клучен приоритет во патот на Северна Македонија...

Фетаи: Борбата против корупцијата – клучен приоритет во патот на Северна Македонија кон ЕУ

spot_img
spot_img

Заменик претседателот на Владата, Арбен Фетаи, денес одржа воведно обраќање при презентирањето на Првото упатство за интегрирање на мерките против корупција во поглавјата и кластерите на преговорите со Европската унија. Овој проект, поддржан од Владата на Шведска и имплементиран од страна на UNOPS, е важен чекор во напредокот на нашата реформска агенда.

Потпретседателот Фетаи истакна дека борбата против корупцијата е врвен стратешки приоритет за Владата на Северна Македонија, со фокус на зајакнување на механизмите за спречување и справување со неа на сите нивоа.

Преку ова упатство Владата има за цел:

  • Зајакнување на институционалните капацитети за идентификување и справување со ризиците од корупција;
  • Создавање на модел на набљудувачки центар за следење на случаите на корупција, базиран на најдобрите практики на земјите-членки на ЕУ;
  • Изградба на унифициран пристап на Владата и стандардизирани мерки кои ќе ги зајакнат транспарентноста, интегритетот и отчетноста.

Овие чекори се од клучно значење за приближување на Северна Македонија до стандардите на ЕУ и за враќање на довербата на граѓаните во државните институции.

Им благодариме на Владата на Шведска и на UNOPS за нивната постојана поддршка, како и на сите оние кои придонесуваат во овој трансформативен процес за гарантирање на европска иднина за нашата земја!

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте