За следната година за транспорт и врски имаме развоен буџет, со крупни инфраструктурни и капитални проекти, кои значат поттикнување на економскиот раст. Буџетот на министерството е проектиран да обезбеди високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на изградба на патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, гасификација и станбената политика, истакнаа на денешната прес конференција претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на која го презентираа буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2023 година.
Буџетот на Министерството за транспорт и врски е проектиран на ниво од 324 милиони евра, од кои 308 милиони евра или 95 проценти од вкупниот буџет се расходи наменети за капитални проекти.
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски потенцираше дека средствата во буџетот на министерството за транспорт и врски за 2023 година наменети за реализација на капиталните проекти се за 163 проценти повеќе во споредба со 2022 година.
Примарен фокус ќе се даде на проектите за изградба на железница и автопати на Коридор 8 и 10 д, санација на локални патишта во општините, гасификација, реконструкција на водоводни и канализациони мрежи, субвенции за нови авиoлинии, како и подобрување на транспортот на граничните премини.
“Во 2023 година продолжува изградбата на автопатите на Коридорот 8, за што се предвидени 244 милиони евра. Регионалното поврзување и соработка е еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна важност за развојот на нашата економија. 33 милиони евра се предвидени за изградба на железницата на Коридор 8. На крајот на месец октомври годинава го означивме почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 низ Северна Македонија – делницата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка и активно изградбата продолжува следната 2023 година. И наредната година продолжуваме со темпото на изградба и санација на локални патишта во општините, за што се предвидени над 6 милиони евра. Во новиот предлог Буџет се предвидени 1,7 милиони евра за спроведување на гасификацијата, односно за завршување на магистралниот гасовод Скопје- Тетово- Гостивар. Оваа година заврши изградбата на магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола. Влогот во инфраструктурата е траен влог во подобрување на условите за живот, растот на економијата, животниот стандард и тоа е наш приоритет’, изјави Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Макдонија.
Министерот Бочварски истакна дека проект на кој што министерството ќе даде посебен фокус е изградба на автопатските делници на Коридор 8 и 10 д како и железичкиот крак кон Исток..
“За изградба на пругата кон Бугарија ќе бидат алоцирани 32,5 милиони евра, додека 4,8 милиони евра за рехабилитација на пругата на Коридор 10. До сега опфатиме околу 130 локални патишта во 61 општина. За следната година очекуваме да опфатиме со реконструкција преку 85 локални патишта. Значаен проект на кој посветуваме посебно внимание е изградбата на водоводни и канализациони системи низ општините за што предвидуваме 13,6 милиони евра по разни програми. За следната година предвидуваме 1,1 милион евра за финаниска подршка за нови авиолинии, согласно јавниот повик што планираме да го објавиме веќе следната недела. За обезбедување на станбеното прашање за најранливите категории граѓани, продолжуваме со изградба на социјални станови. За таа цел во буџетот предвидовме 2,2 милиони евра” , истакна министерот Бочварски.
Министерот додаде дека во услови на светска економска криза транспортот бележи историски раст за 20 проценти, а за следната 2023 година обезбедени се дополнителни годишни и месечни транспортни дозволи.
Во делот на патна инфраструктура во соработка ЈП за државни патишта следната година интензивно продолжува изградбата на автопатот Кичево -Охрид, Скопје Блаце, ескпресните патишта кон Прилеп и кон Крива Паланка и други државни и регионални патни правци што ги претставуваат најкрупнте инвестиции во Северна Македонија.
Во продолжение интегралното обраќање на министерот Бочварски:
Министерството за транспорт и врски и во следната година останува моторот на домашната економија, преку инвестиции во најголемите капитални проекти што се реализираат во историјата на независна држава.
Вложувањето во капиталните проекти во овие моменти на најголемата светска економска и енергетска криза е повеќе од потребно за да помогнеме на домашната економија и да создадеме конкурентно општество. Се наоѓаме во фаза во која се неопходни силни инвестиции во инфраструктурата како услов за раст и развој на државата.
И во таа насока го проектиравме и буџетот за 2023 година.
Буџетот на Министерството за транспорт и врски е развоен буџет проектиран на ниво од 324 милиони евра, од кои 308 милиони евра се расходи наменети за капитални проекти.
Или 95 проценти од вкупниот буџет на министерството за транспорт и врски е наменет за капитални проекти.
Буџетот на Министерството за транспорт и врски е проектиран да обезбеди високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на изградба на патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, гасификација, станбената политика.
Развојната компонента ни дава очекување за економски раст во 2023 година со акцент на зголемување на учеството на градежниот сектор во Бруто домашниот производ бидејќи капиталните проекти очекуваме да се зголемуваат и по бројност и по вредност.
Клучен капитален проект од национален интерес на кој ќе посветиме големо внимание е изградбата на автопатските делници на Коридор 8 и 10 д, како и изградба на железницата на источниот дел Коридор 8.
За побезбеден сообраќај и локален економски развој, продолжуваме со изградба и санација на локалните патишта во општините.
За поквалитетен живот на граѓаните обезбедивме средства за изградба на канализациони и водоводни системи во локалните самоуправи.
За поголема социјална сигурност на најранливите категории на граѓани, проектиравме нови средства за изградба на социјални станови.
Обезбедивме средства и за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии, за изградба на магистралните гасоводи, за инсталација на Интелегетни транспортни системи.
Нашата цел за наредната 2023-та година е да постигнеме најголема инвестициона активност во сите сегменти на инфраструктурата, да го подигнеме нивото на градежиот сектор, да создадеме квалитетни услови за живеење и да го забрзаме патот за просперитетна и европска држава.
Ќе потенцирам дека капиталните проекти се проектирани на ниво од 308 милиони евра и тоа:
- Како што веќе спомнав, проект на кој што ќе дадеме посебен фокус е изградба на автопатските делници на Коридор 8 и тоа: Кафасан-Струга Требниште, Букојчани-Гостивар, Гостивар – Тетово и Прилеп – Битола на Коридор 10 д. За таа цел предвидовме средства во висина од 244 милиони евра и ова е генерално најголемата ставка во буџетот за следната година. ЈП за државни патишта избра фирма Консултант и Надзор за овие патни правци и очекуваме до крај на година да потпишеме договор со оваа компанија. Веќе напролет доколку преговорите со Изведувачот одат во добра насока да започне изградбата на овој стратешки птоект за државата. Да повторам, заедно со нашите регионални партнери Бугарија, Албанија и Италија се изборивме овој Коридор да влезе во главниот европски коридор за Западен Балкан. Ова е стратешки проект за Република Северна Македонија и граѓаните и како одоговрна Влада ќе дејствуваме за да доизградиме на ниво на европски модерен автопат.
- Не помалку важна останува и доизградбата на железничкиот Коридор 8 на исток, пругата кон Бугарија, исто така проект од стратешки интерес за државата. За следната година за инвестиции во железничкиот систем предвидовме преку 37 милиони евра од кои: 32,5 милиони евра ќе бидат алоцирани за изградба на пругата кон Бугарија, додека 4,8 милиони евра за рехабилитација на пругата на Коридор 10. Изгардбата што ја започнавме оваа година ќе тече со силен интензитет и следната година.
- Презедовме обврска пред граѓаните да создадеме услови за подобар живот и побезбеден сообраќај. За таа цел и следната година продолжуваме со силна реализација на проектот за изградба и санација на локалните патишта во општините за што предвидовме 6 милиони евра. Досегашните инвестиици во овој проект се видливи, успеваме да опфатиме околу 130 локални патишта во 61 општина. За следната година очекуваме да опфатиме со реконструкција преку 85 локални патишта.
- Исто така значаен проект на кој посветуваме посебно внимание е изградбата на водоводни и канализациони системи низ општините. Многу пати сум спомнал дека ова за нас како Министерство па и за општините е значаен проект бидејќи се залагаме да ги подобриме условите за граѓаните на достинтвено ниво за живот. И во таа насока предвидуваме 13,6 милиони евра по разни програми.
- Во овие услови на светска енергетска криза, битката за поевтни енергенси и поевтина електирична енергија се засилува. Гасификацијата како што спомна Премиерот е исто така приоритетен проект за што во буџетот предвидовме 1,7 милион евра. Очекуваме доизгардба на делницата од Скопје до Гостивар и отпочнување на изградба на интерконекторот со Грција. Друг аспект за што сакам да потеницирам се направените законски измени во Законот за градење за поставување на фотоволтаици. На терен ни ги даваат поскуваните резултати. Се повеќе граѓани и правни лица се заинтресирани за поставување на фотоволтаици на крововите од своите објекти преку поедоставените постпаки.
- Во делот на авиосообраќајот, како примарна цел е развој на овој сектор бидејќи сметаме дека се уште имаме потенцијал да го развивме ависообраќајот од двата наши аеродроми. Се гледаме како земја која припаѓаме во ЕУ и во тој контекс на нашите граѓани сакаме да овзможиме дополнителни дестинации од сега понудените. За следната година предвидуваме 1,1 милион евра за финаниска подршка за нови авиолинии, согласно јавниот повик што планираме да го објавиме веќе следната недела.
- За обезбедување на станбеното прашање за најранливите категории граѓани, продолжуваме со изградба на социјални станови. За таа цел во буџетот предвидовме 2,2 милиони евра. Во изминативе години изградивме односно во фаза на изградба се вкупно 864 социјални станови од кои само оваа година извршивме распределба на зградите во Гостивар, Виница и Пробиштип, а до крај на годината и во Свети Николе. Следната година продолжуваме со изградба на социјалани станови во Бутел, Велес, Пехчево, Дебар, Сарај и во Кочани.
- За подигнување на безбедноста и создавање на услови за ефикасен транспорт ке продолжиме со континуирана реализација на воведување на Интелегентните транспортни системи на Коридор 10 како и постапките за модернизација на гарничните премини Ќафасан и Деве Баир.
- Посбено ќе се фокусираме на формирање на Агенцијата за безбедност во сообраќајот како една од системските мерки за подигнување на безбедноста на патиштата. Очекуваме ова тело да биде формирано следната година.
Ова е генерално развојната компонента со инвестициите во капитални проекти што се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Тоа што сакам да истакнам е фактот дека министерството за транспорт и врски создаде услови за силен развој на домашиот и меѓународниот транспорт на стока. И во овие услови на светска економска криза бележиме историски раст на транспортот за 20 % споредено со десетина години наназад што е одличен резулатат. Овие бојки ги потврдуваме со издадените транспортни дозволи на нашите транспортери и обезбедувањето на дополнителните дозволи за оваа година.
За следната 2023 година, обезбедивме дополнителни годишни и месечни транспортни дозволи. Тоа е показател дека транспортот по обем се зголемува, транспортните компании работат во добри услови, а ние како ресорно министретво и понатаму ќе создаваме подобро услови за работа.
Исто така сакам да потенцирам дека со Јавното претпријатие за државни патишта ќе продолжиме со изградба и реконструкција на патнатата мрежа во Северна Македонија.
Тоа што е важно да се спомне е дека во само една година, поточно оваа година завршивме со изградба на два експресни патишта и тоа Штип-Радовиш и Штип- Кочани со вкупна вредност од 102 милиони евра.
- Продолжуваме со силна динамика на изградба на автопатска делница Кичево-Охрид
- На изградба на првата фаза на автопатот Скопје-Блаце (веќе следната година ќе се распише и јавен повик за изградба на втората фаза)
- Планирани се рехабилитации на неколку автопатски делници на Коридор 10
- Продолжуваме со силна динамика и на изградба на експресниот пат кон Прилеп и од Ранковце до Крива Паланка
- Во континуитет се рехабилитираат патните правци Битола-Меџитлија, Катланово-Велес – Велес-Градско, Струга – Ќафасан и други предвидени со годишната програма на ЈП за државни патиша како и преку програмата на ЈП за оддржување на магистралните и регионални патишта.
Во овој период покажавме силна волја, покажавме знаење дека умееме да се справиме со сите предизвици. Остануваме посветени на нашата цел а тоа е развој на Република Северена Македонија подготвена да се движни кон европската перспкетива со стабилна економија, со модерна инфраструктура, со функционален и безбеден транспорт и пред се со задоволни граѓани, истакна министерот Бочварски.