Шеесетгодишниот пациент со трансплантиран црн дроб си заминува дома во добра здравствена состојба. По тој повод на Клиниката за дигестивна хирургија се одржа прес-конференција на министерот за здравство, д-р Беким Сали, заедно со тимот кој успешно ја изврши трансплантацијата.
-Ова е историски чекор за македонското здравство, со кој се вброивме меѓу врвните здравствени системи кои успешно работат трансплантација на црн дроб. Честитки до тимот кој ја изврши оваа најкомплексна хируршка интервенција. Посебна благодарност до семејството на дарителот за покажаната исклучителна хуманост и солидарност во најтешките мигови, кога одлучија да подарат нов живот, истакна министерот Сали.
Извор: Министерство за здравство