spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПоддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите и да...

Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите и да останеме на европскиот пат

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, оствари средба со Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролин Едштадлер, во рамки на работната посета во Австрија.

На средбата од страна на Едштадлер беше потврдена поддршката што во континуитет Република Австрија ја дава на Северна Македонија на европскиот пат и за спроведувањето на реформската агенда.

-Австрија е земја која ја препознава вистинската и несомнена ориентација на Северна Македонија кон евроатлантските вредности и идеали, а наша задача останува во периодот кој следи да ја задржиме земјата на европскиот пат и забрзано да работиме на постигнување на оваа важна цел, која ќе придонесе за безбедноста и просперитетот на земјите од регионот во целина, рече вицепремиерот Маричиќ.

Владините претставници на средбата го поделија ставот со Сојузната министерка за ЕУ на Австрија дека Европската Унија е нецелосна додека земјите од Западен Балкан не бидат дел од неа.

-Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер ја дели со нас истата визија и цел: Северна Македонија и регионот треба да бидат дел од ЕУ час поскоро, пишува Маричиќ на својот Фејсбук-профил.

Ковачевски и Едштадлер го изразија взаемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји кое се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

Во тој контекст од страна на соговорниците беше констатирано дека Северна Македонија е кредибилен партнер на ЕУ, кој може успешно да придонесе во развојот на најважните европски политики и има капацитет заедно со ЕУ да делува и одговори на предизвиците со кои се соочува цела Европа.

На средбата беше разговарано и за продлабочување на соработката и унапредување на традиционално добрите односи помеѓу двете земји, во областа на културата, енергетиката и реформските активности поврзани со зелената агенда.

Австрија е меѓу нашите најважни партнери со која во последните две и пол децении сме сведоци на одлична соработка и постигнати резултати во спроведувањето на многу проекти во секторите, од огромно значење за развојот на земјата, како што се заштитата на животната средина, енергетската ефикасност и отворањето на нови работни места, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.

Линк инсерти: https://we.tl/t-gQwIqVNxHN

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...