spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторГрадски паркинг Скопје: Претставници учествуваа на региoналната паркинг конференција „ПАРКОН“ во...

Градски паркинг Скопје: Претставници учествуваа на региoналната паркинг конференција „ПАРКОН“ во Србија

Раководителот на сектор „Пајак“, Александар Стоилевски и советникот за сообраќај и развој, Игор Трајковски, учествуваа на тридневната регионална паркинг конференција „ПАРКон“ во Нови Сад, Србија. Оваа конференција веќе традиционално се одржува во Србија, а е организирана од страна на Здружението на паркиралишта во Србија. На конференцијата која се одржа од 30 ноември до 2 декември минатата недела, учествуваа бројни претставници на паркинг оператори и претпријатија од целиот регион, како и стручњаци кои се бават со иновативни технолошки и практични решенија поврзани со паркинг услуги и раководење со паркинг претпријатија.

Целта на конференцијата е да ги артикулира актуелните информации од оваа област, како и да ги промовира новите идеји и технологии воведени во оваа дејност. Преку предавања и трибини беа актуелизирани проблемите поврзани со дејноста паркинзи, а исто така беа споделени искуства за одредени законодавни норми и законски решенија, кои веќе се воведени во Србија и други регионални држави и се од големо значење за работата на јавните претпријатија од оваа дејност.

Нашите претставници разменија информации и идеји со повеќе претставници на претпријатија од регионот и тоа, од Нови Сад, Белград, Будва, Загреб, Суботица, Ниш, Чачак, Словачка, Опатија. Како најразвиено претпријатие беше издвоено во Опатија, од кадешто веќе добивме покана за средба со нив во наредиот период, на којашто наш стручен тим ќе се запознае одблизу и подетално со начинот на раководење и воведената технологија во ова претпријатие. Покани за средби и посета од нивна страна дојдоа и од другите места, коишто ќе бидат изведени во иднина.

Како попривлечни решенија од различни претпријатија, беа издвоени – воведување на читачи на таблици преку 4 Г технологија, неупотреба на блокатори со што нерегуларното паркирање се решава преку системот „око соколово“, односно полициските возила со автомобили и технологијата „скен кар“ ги детектираат непрописно паркираните возила, на одредени места има услуга за резервирање на паркинг место однапред, а доста позитивна е информацијата што во секое од овие места има само по едно вакво јавно претпријатие, што ја олеснува работата и организацијата.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, има за цел, претстојниот период сериозно да работи на воведување на нови технологии, кои се покажале како најпрактични и најекономични во регионот и пошироко, затоа ваквите конференции и средби се од големо значење за напредокот на самото претпријатие.

 

 

Извор: ЈП Градски паркинг – Скопје 

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...