spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Прва седница на Локален совет за превенција

Илинден: Прва седница на Локален совет за превенција

Во насока на подобрување на јавната безбедност на територија на општина Илинден, се одржа првата седница на Локалниот Совет за превенција со претставници од надлежни институции, а на која претседаваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Целта на Локалниот совет за превенција е утврдување на заеднички препораки за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на Општина Илинден, како градење на доверба и партнерски однос и превенција на појавите што негативно влијаат на јавната безбедност.

На оваа седница претставникот од МВР кој истовремено е и член на Локалниот совет за превенција, го презентираше извештајот со статистички податоци во однос на безбедноста во општина Илинден во текот на 2022 година. Од страна на градоначалникот и претставници од Општина Илинден беа презентирани превземените активности од страна на Општината за подобрување на безбедноста  на територија на целата општина во сите населени места.

Во рамки на седницата беа усвоени препораки и заклучоци за превземање итни мерки за превентивно делување за зголемување на јавната безбедност. Исто така,  од страна на сите присутни беше констатирано дека само со организиран пристап, меѓусебна соработка постојано и превентивно делување на терен, се овозможуваат безбедни услови за живот за сите граѓани на општина Илинден.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте