spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Почетокот на пристапните преговори за членство во Европската Унија ја одбележаа...

МНР: Почетокот на пристапните преговори за членство во Европската Унија ја одбележаа 2022 година

Претседавањето со ОБСЕ најголем предизвик за 2023 година

 

Почетокот на пристапните преговори за членство во Европската Унија по 17 години кандидатски статус, забрзувањето на процесот на ЕУ-реформите, лансирањето на Стратешкиот дијалог со САД и потпишувањето на договорот за Фронтекс, кој долги години беше заглавен поради несогласувањето за употребата на македонскиот јазик, се едни од најзначајните успеси кои Северна Македонија ги постигна на полето на надворешната политика во 2022 година, а кои директно влијаат на напредокот на земјата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во своето новогодишно обраќање до јавноста ги акцентираше придобивките од преговорите со ЕУ, за кои рече дека ќе ги почувствуваме многу брзо, потенцирајќи дека секој чекор напред во преговорите, ќе значи и чекор напред во однос на квалитетот на животот за секој граѓанин.

 

„Во 2022 година донесовме одлуки со кои многу брзо нашиот сон за економски силна земја стануваат реалност. Ги започнавме преговорите со Европската Унија со што ја остваривме клучната стратешка цел поставена пред 30 години. Почетокот на преговорите со ЕУ, значи зајакнување на куповната моќ на граѓаните, но и намалување на социјалната ранливост на нашето општество, а тоа е најважно за квалитетен и безбеден живот на сите наши граѓани“,  потенцираше Османи.

Изминатата година земјата го започна и членството во Унијата за Медитеранот, како една од поголемите мултилатерални организации за соработка на Европа со земјите од Медитеранот, а беше организирано и второто издание на „PrespaForumDialogue“, со цел Северна Македонија да продолжи да биде градител на мостови низ целиот регион.

Најголемиот предизвик во годината која следи започнува од 1 јануари 2023 година, кога Република Северна Македонија официјално го започнува претседавањето со ОБСЕ – најголемата регионална организација за безбедност и соработка која опфаќа 57 држави учеснички од Европа, Средна Азија и Северна Америка.

Министерот Бујар Османи ќе претседава со оваа важна мултилатерална организација која работи на сеопфатни аспекти на безбедноста поврзани со политичко-воената, економско-еколошката и хуманата димензија.

Со ова Северна Македонија се афирмира како активен чинител во генерирање на стабилност во поширок регионален контекст.

„2023 година ќе биде важна година за меѓународната позиција на Република Северна Македонија. Зајакнатото меѓународно профилирање  значи долгорочен влог во економски развој, нови можности за младите и стабилност. Во услови на војна во регионот на ОБСЕ и сложени политички односи помеѓу земјите учеснички ќе се фокусираме на намалување на тензиите, обновување на довербата, просперитетот и севкупната безбедноста на луѓето“, подвлече министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ во 2023 година, Бујар Османи во своето новогодишно обраќање до јавноста.

 

„Северна Македонија досега многу пати го покажала својот капацитет, дека преку политички дијалог, демократски средства и демократско владеење ги остварува своите цели како на домашен, така и на меѓународен план. Сега имаме можност со таа наша зрелост и знаење да бидеме клучен играч, да ги водиме и да придонесуваме за меѓународните политики и процеси“, нагласи министерот Османи.

„Фокусот на претседавањето ќе биде ставен врз хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност  и нестабилност.  Во тој контекст, приоритет ќе се  стави на и теренските мисии., при што ќе се преземат и поддржат конкретни активности со цел олеснување на животот на луѓето, унапредувањато на нивните права и слободи“, истакна Османи.

Освен фокусот на теренот во областите зафатени со конфликти, приоритетите на Северна Македонија како претседавач ќе бидат реафирмацијата на придобивките на ОБСЕ и обновување на дијалогот, како и обновување на довербата и инвестирaњето во мирот и отпорноста на ОБСЕ, како најдобар начин за справување со безбедносните предизвици.

Министерот Османи во своето обраќање до јавноста посака уште поуспешна 2023 година која ќе нè обедини против поделбите и ќе создаде можност да се посветиме на напредокот со поглед вперен кон иднината, што е единствениот пат до успехот.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...