На 10 и 11.01.2023 година со почеток во 09:00часот во големата сала на приземје во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.Аминта трети бр.2 Скопје) во рамките на Твининг лајт проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на првото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“ MK 20 IPA AG 01 21 TWL ќе се одржи работилница на тема: Имплементација на структурната поддршка и државната помош во рибарството и аквакултурата.
На работилницата ќе бидат презентирани предлог изработените акти во рамките на проектот и практични примери (симулации за корисниците).
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство