Градоначалникот Блерим Беџети ги пречека претставниците на Планинарското друштво „Дарданија“, при што одблиску беше информиран за спроведените активности и успесите постигнати во текот на 2022 година.
Изненадувачки беа постигнатите резултати, каде што во текот на оваа година реализираа над 60 активности, поминаа преку 1000 километри патишта, двајца членови на ова здружение се искачија на врвот Арарат (5137m/lmd) – највисокиот врв во Турција, а еден член се искачи на врвот Триглав (2864 m/lmd) – највисокиот врв во Словенија.
Градоначалникот им честиташе за овие многу значајни успеси не само за Здружението „Дарданија“, туку и за сите нас.
Им честиташе и за останатите успеси кои ги набројале и продолжуваат да ги набројуваат во континуитет во областа на планинарството.
Извор: Општина Сарај