spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Учесник на билатералниот скрининг со ЕУ за Поглавјето 3 - „Право...

АХВ: Учесник на билатералниот скрининг со ЕУ за Поглавјето 3 – „Право на основање и слобода на давање услуги

Стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство, од 23 до 24 јануари, во Брисел, Белгија, беа дел од делегацијата на Република Северна Македонија која учествуваше на состаноците во рамки на  билатералниот скрининг со Еворопската унија (ЕУ) за Поглавјето 3 – „Право на основање и слобода на давање услуги“. Во рамки на состаноците, одржана беше и презентација за ветеринарните услуги, а заклучоците и препораките кои што ќе произлезат од истите ќе ги одредат следните реформски чекори во пристапниот процес, со цел полноправно членство и побрза транзиција на земјава кон единствениот пазар на ЕУ.

Поглавјето 3.03 – Право на основање и слобода на давање услуги ги покрива областите: право на основање, слобода на давање прекугранични услуги, поштенски услуги и взаемно признавање на професионални квалификации. Оваа област претставува збир на политики кои имаат за цел обезбедување на една од слободите на единствениот пазар на ЕУ.

Целите на Унијата во делот на Право на основање и слобода на давање на услуги, се овозможување на лица и компании да основаат агенции, филијали, подружници во друга земја членка на ЕУ, под услови кои се утврдени за своите граѓани во соодветната земја. Слободното движење на услуги е централен елемент при европската интеграција на земјите.

Многу важна директива во оваа област е Директивата за услуги, чија што цел е да се отстранат сите правни и административни бариери кои овозможуваат слободен тек на услугите на пазарите на ЕУ.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...