На редовна, 21 -ва седница, на Советот на Општина Прилеп , прва во оваа 2023 година, советниците расправаа по 28 точки од дневниот ред. Во најголемиот дел од работата беа предлог програмите и финансиските планови на од основните и средните училишта во Општина Прилеп како и предлог- програма за реализација на дејноста на ЈОУ Градска Библиотека „Борка Талески“ Прилеп за 2023 година.
На дневен ред беше и извештајот за работата на Советот на Општина Прилеп, за 2022 година, кој беше едногласно усвоен, а беа донесени и одлуки за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за елементарни непогоди и Решението за формирање Комисија за Месна самоуправа. Беа именуваани и членови на Советот кои присуствуваат при склучување на бракови во Прилеп и МК Плетвар, МК Тројаци и МК Старо Лагово, а беше усвоено и Решението за формирање на Комисија за родова еднаквост. Совтениците ја усвоија Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и Финансискиот план на ЈКП ,,Водовод и канализација’’- Прилеп за 2023 година и одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата во ЈКП ,,Водовод и канализација’’- Прилеп. Воедно, на 21 Седница на Советот на Општина Прилеп беше донесена и одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Ценовникот за инженерски услуги – Ценовник за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во областа на високоградбата, на ЈП за ПУП Прилеп.
На денешната седница беше констатиран престанок на мандат на членот на Советот на Општина Прилеп и верификуваан беше мандатот на нов челен на Советот на Општина Прилеп.
Извор: Општина Прилеп