Го воведoвме проектот “Твој службеник” во работата на администрацијата, кој има за цел да ги открие проблемите на граѓаните од терен и потоа да ги решава во рамките на општината.
Општината е институција која е сервис на граѓаните и работи во нивен интерес. Со спроведување на проектот ќе се олесни начинот на кој граѓаните ќе пријавуваат проблеми и за истите да добијат решение.
Проектот „Твој службеник“ ќе се реализира на следниот начин:
Техничките секретари во Месните и Урбаните заедници три дена во неделата ќе бидат присутни во Месните и Урбаните заедници со цел евидентирање на проблемите на граѓаните, а два дена од неделата ќе бидат во општината со цел решавање на проблемите.
Ги повикувамe граѓаните да ја користат оваа можност.
Извор: Општина Гази Баба