spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на бројот на работниците во индустријата, декември 2022 година

ДЗС: Индекси на бројот на работниците во индустријата, декември 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 101.0.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2022 година, во однос на декември
2021 година, бележи опаѓање од 4.3 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.4 %, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.4 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.7 % и Капитални производи за 11.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на
периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 99.1.

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

Бутел: Магична ФУДБАЛСКА вечер

0
НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ Општина Бутел ја продолжи традицијата и оваа година,со задоволство беше покровител на четвртиот новогодишен турнир во...