spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Започнува реконструкцијата на „Ленинова“

Центар: Започнува реконструкцијата на „Ленинова“

Од 15.2.2023, започнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митролополит Теодосиј Гологанов“.

Со проектот за реконструкција ќе се постави нов горен и долен строј на асфалт, целосна замена на водоводната и атмосферска канализациона мрежа, ќе се реконструираат старите и оштетени тротоари, ќе се воведе резидентен паркинг по цела должина на улицата, со нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.

Во првата фаза на рекоснтрукцијата ќе се изведуваат градежни активности на потегот од раскрсницата со улицата „Киро Крстевски Платник“, до раскрсницата со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Раскрсницата со улицата „Киро Крстевски Платник“ ќе биде делумно затворена, со што возилата ќе може да се движат според поставената времена сообраќајна сигнализација. Улицата ќе се реконструира до спојот со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде наизменично ќе бидат затворени лентите за движење на коловозот и сообраќајот ќе се одвива според поставената сообраќајна сигнализација и опрема. Градежните активности нема да пречат во тековното одвивање на сообраќајот.

„Со оваа реконструкција им излегуваме во пресрет на граѓаните, кои со години бараа општината да го реконструира овој дел од улицата ‘Ленинова’. На крајот, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. Воведувањето на резидентен паркинг на овој потег на жителите значително ќе им ги олесни секојдневието и ќе придонесе кон намалување на сообраќајниот хаос кој се создава во овој дел, особено во попладневните часови“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Со обновувањето на улицата, граѓаните ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, безбедна и квалитетна, изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте