spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаММФ ги поздрави економските политики на Владата

ММФ ги поздрави економските политики на Владата

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Кристалина Георгиева, првиот човек на ММФ, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено – Басо.

Премиерот Ковачевски се заблагодари што ММФ во нашата земја препозна здрав економски фундамент и ја поздрави стабилноста на нашите економски политики.

Директорката на ММФ, Георгиева искажа задоволство од спроведувањето на економските политики на Владата, како и од користење на Линијата за претпазливост и ликвидност (Precautionary and Liquidity Line – PLL) која е наменета исклучиво за земји што имаат здрава економија и здрави економски политики. Поточно, само земји со позитивни оцени од последната мисија на ММФ може да се квалификуваат за користење на овој инструмент.

На средбата премиерот Ковачевски истакна дека фокусот на фискалната политика е во насока на поддршка на стандардот на граѓаните и на стопанството, согласно предизвиците што ги наметна ценовната и енергетската криза.

На среден рок, определбата на Владата е насочена кон постигнување одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...