spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Министерот Бочварски на средба со Здружението на градежништво при Стопанската Комора...

МТВ: Министерот Бочварски на средба со Здружението на градежништво при Стопанската Комора на Северна Македонија

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски завчера оставри работна средба со Здружението на градежништво индустрија на градежни материјали и неметалите при Стопанската Комора на Северна Македонија.

На состанокот се разговараше за актуелните теми во градежниот сектор, како и реализација на капиталните проекти и законската регулатива која ја опфаќа дејноста градежништво.

Притоа на средбата се отворија прашањата за учество на домашните градежни компании како ко-изведувачи при реализација на капитални проекти, во законски утврдениот минимум од 51 процент.

Исто така се разговараше и за измените на Законот за градење, односно и за учество на Здружението во изработка на новиот Закон за градење, при што министерот Бочварски потенцираше дека од огромна важност е партиципација на градежните компании во креирање на ново и квалитетно законско решение.

На средбата се утврди дека се потребни развојни политики во градежништвото и образовни мерки за да се подигне гранката на повисоко ниво и да се стимулира квалификуваниот кадар.

Од Здружението го отворија и прашањето за измени на Законот за работни односи каде побараа недела да биде работен ден во градежната дејност.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...