spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: 300.000 денари од центарските градинки и училишта за настраданите од земјотресите...

Центар: 300.000 денари од центарските градинки и училишта за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Денес се одбележува Светскиот ден на социјалната правда – 20 февруари и по тој повод општинските училишта и градинки ќе донираат 300.000,00 денари за настраданите од земјотресите во Република Турција и Сирија.

Одбележувањето на овој ден се темели на основните принципи за соживот и колективен развој помеѓу народите, а фокусот е насочен кон фер и праведни резултати за секого преку социјалната заштита, правдата и социјалниот дијалог. По тој повод, во рамки на центарските училишта и градинки се организираше хуманитарен настан за собирање парични средства кои ќе бидат донирани за помош на населението во Турција и Сирија, а покрај средствата учениците донираа и детска облека и средства за хигиена.

„По катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, со помош од Швајцарската влада е реализиран проектот за изградба на ООУ ‘Јохан Хајнрих Песталоци’ и оттогаш ова училиште претставува симбол на квалитетно образование, но и симбол на солидарност помеѓу Швајцарија и Република Северна Македонија. Сакам јавно да им се заблагодарам на воспитно-образовниот кадар од сите основни училишта и градинки во Општина Центар, како и на родителите и на учениците кои несебично се вклучија во оваа хуманитарна мисија за помош на Турција и Сирија – изјави Герасимовски

Паричната помош во износ од 300.000,00 денари ќе биде донирана на посебна сметка на Фондот за солидарност на Црвениот Крст на Република Северна Македонија и овие средства се доделуваат во знак на хуманост и солидарност за настраданите и нивните семејства во Република Турција и Сирија.

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте