Ве известуваме дека Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК го започнува Erasmus+ проектот: Sustaining Young Teachers’ Wellbeing at School – YouWell, во соработка со братскиот синдикат Подкрепа, како и останати партнери од Бугарија, Белгија и Словенија.
Проектот ќе трае 24 месеци, за кој период наставниците со искуство ќе имаат обука за менторство, со цел воведување и професионално усовршување на наставници почетници, кои штотуку влегуваат во наставничката професија.
Ефективното менторство на наставниците почетници може да заштеди време и трошоци, зголемувајќи ја ефективноста, задоволството од работата, задржувањето и привлечноста на професијата.
Целта на проектот е наставниците почетници да се чувствуваат безгрижно во нивното професионално патување и да развијат силна мотивација и компетенции да останат во избраната професија.
Повеќе информации за проектот можете да добиете на следните линкови:
www.youwellproject.eu – официјална веб страна на проектот
https://www.facebook.com/youwellproject – официјална facebook страна на проектот.
Извор: СОНК