spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба на ЗМНР Исаки со Регионалната директорка на Канцеларијата за...

МНР: Средба на ЗМНР Исаки со Регионалната директорка на Канцеларијата за координација на развојните агенции на ОН, Гви Јеоп Сон

Заменик министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки имаше состанок со Регионалната директорка на  Канцеларијата за координација на развојните агенции на Обединети Нации за Европа и Централна Азија со седиште во Истанбул , г-ѓа Гви Јеоп Сон.  

Заедничката работа меѓу агенциите на ОН и Владата на Република Северна Македонија предвидена за 2023 година очекуваме да резултира во натамошно развивање на Национална стратегија за развој која е основата за долгорочната развојна визија на земјата, истакна Исаки.

 

На средбата беа разменети мислења за досегашната соработка со Канцеларијата на резидентната координаторка и севкупниот тим на Обединетите Нации во Северна Македонија, особено истакнувајќи ги тековните активности за забрзување и достигнување на целите за одржлив развој и Агендата 2030  како приоритетни.

На таа линија, беше изразено заедничко задоволство за скоро усвоениот Заеднички работен план за 2023 – годишна алатка која ја операционализира Рамката за соработка за одржлив развој на Република Северна Македонија и Обединетите нации 2021-2025 (РСОР) како клучен стратешки документ според кој се води работата на ентитетите на системот за развој на ОН во Северна Македонија.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...