spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: ЈАВЕН ПОВИК за доделување на еднократна парична помош за купување на...

Илинден: ЈАВЕН ПОВИК за доделување на еднократна парична помош за купување на велосипед во 2023 година за граѓаните со живеалиште

Врз основа на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година и Правилникот за   условите ,  начинот  и критириумите за  доделување  на финансиски средства во вид на  еднократна парична помош за набавка на велосипеди,  инвертер клими односно соларни панели и  помош за млади претприемачи во Општина Илинден донесен од Советот на Општина илинден со бр.08-197/7 од 30.01.2023година, и Одлука за распишување јавен повик донесена од Градоначалникот на Општина Илинден бр.10-675/1 од  28.02.2023 година, Општина Илинден објавува            

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на еднократна парична помош за купување на велосипед во 2023 година за граѓаните со живеалиште на  подрачје  на Општина Илинден  

1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Илинден, согласно Програмата за финансиска подршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година  донесена од Советот на Општина Илинден предвидува еднократна парична помош  за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територија на Општина Илинден.

1.2. Износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за набавка на велосипед  изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот односно до максимум 4.000,00 денари по велосипед.

1.3. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето.

2. Право на учество на Јавниот повик

Право на учество на јавниот повик за доделување на еднократна парична помош за  набавка на велосипед има секој граѓанин со постојано место на живеење  во  Општина Илинден кој ќе купи нов велосипед од Република Северна Македонија сметано од 01.03.2023 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

3. Услови што треба да ги исполни барателот

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

  • • да е жител на Општина Илинден;
  • • да има набавено нов велосипед од Република Северна  Македонија сметано од 01.03.2023 година се до исцрпување на буџетот наманет за јавниот повик.

4. Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. За учество на јавниот повик, барателот е должен да ја поднесе следната документација:

− пополнување на барање  за финансиска подршка за набавка на велосипеди (барањето може да се симне од web страната на Општина Илинден или да се подигне преку архивата на Општина Илинден

− копија од важечка лична карта на барателот,

− копија  од трансакциска сметка на барателот,

− доказ дека е извршено купување на нов велосипед од Република Северна Македонија, фискална сметка, фактура, профактура, договор и сл, со датум од 01.03.2023 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик,при што задолжително е велосипедот да е целосно отплатен и плаќањето на рати не се прифаќа.

4.2. Едно лице може само еднаш да аплицира за добивање на финансиска парична помош за набавка на велосипед.

4.3. Барањето за еднократна финансиска парична помош за набавка на велосипед граѓаните го пополнуваат и поднесуваат преку архивата на Општина Илинден.

4.4. Примените барања се  примаат и архивираат со евидентирање  на точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5. Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска парична помош за набавка на велосипед.

5.2. Општина Илинден  во зависност од динамиката на пристигнување на барањата, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување.

5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

5.4. Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Општина Илинден  ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата.

6. Начин на остварување на правото на надоместок

6.1. Градоначалникот на Општина Илинден на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.

6.2. Градоначалникот на Општина Илинден на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик

ПРИЛОГ: Образец на барање финансиски средства за набавка на велосипед

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте