spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: Западен Балкан се реформира, очекуваме план за членство во ЕУ

Маричиќ: Западен Балкан се реформира, очекуваме план за членство во ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во своето видеообраќање на Скопскиот Економски Форум, на панелот насловен: „После Самитот во Тирана: Пристапувањето на Балканот во Европската Унија“, кажа дека европската перспектива на регионот е реална и предвидлива, но од ЕУ се очекува јасен план за политиката на проширување.

– Балканот е на реформскиот пат, посветен е на трансформацијата на општествата, но она што очекуваме е план за членство во Европската Унијата. Јасната европска перспектива со точни и предвидливи датуми ќе делува како катализатор, и ќе ни биде поттик брзо да ги спроведеме реформите, или фигуративно кажано – да понудиме навремени и квалитетни решенија за нашите обврски и задачи кон ЕУ, истакна Маричиќ.

За вицепремиерот темата на панелот е клучна за ЕУ и регионот, во време кога стариот континент е соочен со безбедносна криза и кога сме сведоци на создавање услови и обид за нов геополитички поредок.

– Нас како европјани најповеќе нè интересира кои се следните чекори и каде и како ќе се движи Европа. Руската агресија врз Украина беше аларм за Европската унија дека мора јасно и прецизно да ја дефинира својата стратешката политика и да направи план за европската перспектива на нашиот регион, посочи Маричиќ.

Маричиќ смета дека неопходно е испраќање сигнал дека Европската Унија останува и понатаму да ја има водечката улога ЕУ на овие простори и дека тоа веќе го потврди со одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана.

– Унијата ја потврди посветеноста и најави натамошен зголемен политички ангажман во регионот. Ова е особено важно во време кога довербата кај граѓаните од државите на Западен Балкан за процесот на евроинтеграциите значително опаѓа, првенствено поради ставањето на страна на регионот и долгото чекање пред вратите на ЕУ, укажа Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ уверува дека постои одлучност да го постигнеме посакуваниот напредок на патот кон членството во ЕУ и процесот на преговори да го изведеме квалитетно и брзо.

– Нашата крајна цел е да ја донесеме Европа дома, за да ја живееме Европа, а не само да зборуваме и да се надеваме на неа. Со Европската унија ја делиме одговорноста и европските вредности, и како стратешки партнери заеднички ќе одговориме на сите надворешни влијанија, обезбедувајќи континуирана политика на проширување и обединување на Западен Балкан со ЕУ, изјави Маричиќ.

Вториот Економски Форум во Скопје е во организација на Делфи Економски Форум и Грчката бизнис-асоцијација. Форумот го отвори премиерот Димитар Ковачевски, а учество зедоа и политичари од регионот, меѓу кои и премиерите на Косово и Црна Гора, Албин Курти и Дритан Абазовиќ.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте