Градоначалничката на Град Скопје завчера најави целосна реконструкција на улицата Александар Урдаревски која е под надлежност на Град Скопје, важен проект ветен во програмата За модерно Скопје, кој ќе го изведува Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје.
Со целосна реконструкција, се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје е исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните.
Се реконструира коловозот на улицата на површина од 9600 м2 и должина од 1270 метри, изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот, се подигнува ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.
Извор: Град Скопје