spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Нов повик за приватните превозници во јавниот превоз

Град Скопје: Нов повик за приватните превозници во јавниот превоз

Јавниот повик ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици. Повикот е изготвен со учество на новото координативно тело на превозниците, чии претставници истакнаа дека сакаат чесно, одговорно и транспарентно да ја вршат дејноста и да го почитуваат договорот за вршење јавен превоз.

На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради договорот кој беше раскинат, кој предвидуваше забрана за учество доколку се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина.

Град Скопје нема долг кон превозниците, договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот. Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз.

Градот Скопје конечно воведува ред во јавниот превоз на патници, согласно сите стандарди, при што новото координативно тело на превозниците покажа желба за соработка и прилагодување согласно стандардите со цел граѓаните да добијат квалитетен јавен превоз.

За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови еко автобуси.

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...