spot_img

Град Скопје: Започна реконструкцијата на ул.„Радишанска“

ОпштиниГрад Скопје: Започна реконструкцијата на ул.„Радишанска“

Најчитано

Денес започнавме со реконструкцијата на улицата „Радишанска“ која е дел од проектот „Скопје без заборавени населби“ од програмата „За Модерно Скопје“. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје е исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните.

Со исполнување на ветувањето за реконструкција на една од најважните сообраќајници под надлежност на Град Скопје во општината Бутел, улицата „Радишанска“ се обновува во должина од 1.100 метри, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот.

Го реконструираме коловозот на улицата на површина од 7.363 м2, рабниците и тротоарите, а граѓаните од овој дел на градот, ќе добијат соодветно партерно уредување и реконструкција на последната автобуска постојка на линијата број 57.

 

 

 

Извор: Град Скопје

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе