Во посета на Општина Велес беше евроамбасадорот Н.Е. Дејвид Гир. Заедно со градоначалникот Марко Колев потпишаа Меморандум за разбирање за Европската куќа во Велес.
„На мое огромно задоволство денеска заедно со Н.Е. Дејвид Гир, амбасадорот на ЕУ во Македонија, потпишавме Меморандум за разбирање за Европска куќа во Велес со што уште еднаш ја потврдивме одличната соработка на општината со Делегацијата на ЕУ“, рече Колев.
Амбасадорот Гир заедно со градоначалникот ја посетија локацијата на која што ќе биде сместена Евопската куќа за млади, во синдикалната зграда. Тие извршија увид во градежните активности кои се реализираат според утврдената динамика.
Со реализација на овој проект кој е целосно финансиран од ЕУ, младите во Велес ќе добијат уште едно катче каде што ќе можат да ги реализираат своите креативни и иновативни идеи и меѓусебно да споделуваат искуства.
Европската куќа се очекува да биде отворена летово.
Извор: Општина Велес