Министерот за правда Кренар Лога вчера оствари средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Се разговараше за планираните реформи во судството, заштита на човековите права, скринингот, евроинтегративните процеси, Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, изборната реформа, имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, борбата против криминалот и корупцијата.
Министерот за правда,Кренар Лога го информираше евроамбасадорот Гир за активностите кои се преземаат во насока на подобрување на условите и состојбите во затворите имајќи ги предвид препораките на Комитетот за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување на Советот на Европа.
Шефот на делегацијата на ЕУ во РСМ, Дејвид Гир посочи дека се потребни натамошни напори за отстранување на политички влијанија врз судството. Изразена е надеж за натамошна успешна реализација на реформите давајќи максимална поддршка за евроинтегративниот процес.
Извор : Влада