HomeМинистерстваМП: Министерот Лога оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир

МП: Министерот Лога оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир

spot_img
spot_img

Министерот за правда Кренар Лога вчера оствари средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Се разговараше за планираните реформи во судството, заштита на човековите права, скринингот, евроинтегративните процеси, Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, изборната реформа, имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, борбата против криминалот и корупцијата.

Министерот за правда,Кренар Лога го информираше евроамбасадорот Гир за активностите кои се преземаат во насока на подобрување на условите и состојбите во затворите имајќи ги предвид препораките на Комитетот за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување на Советот на Европа.

Шефот на делегацијата на ЕУ во РСМ, Дејвид Гир посочи дека се потребни  натамошни напори за отстранување на политички влијанија врз судството. Изразена е надеж за натамошна успешна реализација на  реформите  давајќи максимална поддршка за евроинтегративниот процес.

 

 

Извор : Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија