spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алиу го пречека амбасадорот на Кралство Холандија, Јан Клоп

МИОА: Министерот Алиу го пречека амбасадорот на Кралство Холандија, Јан Клоп

Го имав задоволството да се сретнам со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Дирк Јан Коп.

На амбасадорот му ги претставив плановите за понатамошна дигитализација и развој на државната администрација, истовремено изразувајќи ја посветеноста на нашето министерство во реформскиот пат на Република Северна Македонија кон полноправно членство во семејството на европските демократски држави. За возврат, од амбасадорот добив искрено уверување за континуираната поддршка која Кралството Холандија ѝ ја дава на Република Северна Македонија на нејзиниот европски пат.

Состанокот исто така го искористивме да разговараме за можностите за соработка помеѓу Министерство за информатичко општество и администрација и Амбасадата на Кралството Холандија, а во насока на реализација на идни проекти за унапредување на општествената дигитализација, но и за подигнување на административната ефикасност на државните институции во интерес на граѓаните.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...