spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Повик за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот...

МИОА: Повик за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Министерството за информатичко општество и администрација ги поканува сите заинтересирани поединци и организации да учествуваат на првата јавна консултација по однос на првата нацрт верзија на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, притоа земајќи предвид дека целта е усогласување на националната правна рамка со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија и меѓународните стандарди, како и зајакнување на капацитетите на регулаторното тело за соодветно спроведување на новите надлежности и промовирање на саморегулација и корегулација.

Настанот ќе се одржи на ден 13.03.2023 година (понеделник), со почеток од 10:00 часот, во салата на Државната изборна комисија (бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54 – зградата на Нова Македонија, на четврти кат).

За учество на настанот задолжителна е претходна регистрација најдоцна до 12.03.2023 година (недела) до 15:00 часот со е-порака на следната адреса за е-пошта:

marija.golabovska@mioa.gov.mk;

slavica.davkovska@mioa.gov.mk;

Задолжителни податоци за регистрација:

1. Име и презиме на учесник и институција/организација која ја претставува

2. Информации за контакт (телефон и адреса за е-пошта).

3. Коментари и забелешки по однос на текстот предмет на расправа (Да, во прилог/Не/Ќе се изложат усно)

Нацрт текстот на Предлог законот може да го симнете од следниот линк:

Нацрт – Предлог закон

Поради просторни ограничувања, замолуваме за присуство на не повеќе од еден претставник од институција/организација. Пријавите кои ќе стигнат после наведениот датум и време нема да бидат земени предвид.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗШВ: Николовски да не се понижува на прес конференција, времето на...

0
Љупчо Николовски без срам излезе на прес конференција да говори за предлог Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На прес конференцијата покажа едно...