spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Отворена првата градска биотехнолошка лабораторија

Град Скопје: Отворена првата градска биотехнолошка лабораторија

Во СУГС„Марија Кири – Склодовска“ беше отворена првата градска биотехнолошка лабораторија во Скопје. На настанот присуствуваа и се обратија Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје, Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП и Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ.

– Од исклучително значење за сите нас е првата градска лабораторија во Скопје, која е според теркот што можеме да го видиме не само во земјите во регионот, туку и пошироко. Неа ќе можат да ја користат средношколците и студентите, професорите, претприемачите и сите кои имаат желба да се занимаваат со наука и сакаат да допринесат во општеството, со тоа што ќе отпочнат со процеси кои водат кон рециклирање и реупотреба на биоотпадот – истакна градоначалничката Арсовска.

 

Таа додаде дека можеби најважно е тоа дека Градот Скопје заедно со своите средни училишта, конкретно со оваа биолабораторија во средното училиште „Марија Кири – Склодовска“, со депонијата „Дрисла“ и со сопствените ресурси прави еден сеопфатен процес.

-Со оваа лабораторија не само што ќе придонесеме за овој процес, туку и комплементарно се надополнува сето она кое што се обидуваме да го направиме во делот на животната средина, а тоа е покрај оваа лабораторија оваа година се набавуваат и две нови биокомпостари со кои ќе може да се најде навистина квалитетна употреба на сето она што досега ниту било рециклирано за повторно да може да се употребува. – додаде Арсовска.

Со отворањето на оваа биотехнолошка лабораторија од страна на Град Скопје УНДП и УНИЦЕФ, се формира Национална иницијатива за трансформација на биоотпад, био-хакирање и биотехнологии која ќе поттикне иновации, и ќе инспирира ангажман и активност од различни заедници во земјата за изнаоѓање решенија за заштита на животната средина.

 

Биотехнолошката лабораторија ќе ја доближи науката до учениците, студентите и академскиот сектор, како и до граѓански сектор, претприемачите и иноваторите и ќе овозможи дизајнирање на трајни решенија за комплексните еколошки предизвици. Во оваа лабораторија се вклучени пионерите во академскиот и од деловниот сектор, кои можат да ја предводат промената за здрава животна средина.

Во отворената градска лабораторија ќе може да експериментира со трансформација на биоотпадот, како и со биотехнологии како влезна точка во создавањето претприемачки можности за што позелена иднина.

Биоотпадот во сочинува 45,6% од целокупниот отпад произведен во земјата. Поголемиот дел од овој отпад, околу 95% завршува на депонии и полиња, испуштајќи гасови со ефект на стаклена градина и со тоа придонесува за низа еколошки предизвици за нашето општество.

 

Лабораторијата има и компонента за микробилогија и молекуларна методи кои ќе биде појдовна точка за eдукативна надоградба и на јавноста, како и за академски граѓани кои ја започнуваат својата кариера во делот на биотехнологиите.

Во отворената градска лабораторија под надзор на професионално обучено лице ќе може да се направат иновативни производи од биоотпад, било тоа да е од кора од портокал, отпад од кафе, банана и слично во насока на создавање на нови природни материјали, односно да се трансформира отпадот во етерично масло што би се пласирало на пазарот или концептот да се презентира пред инвеститори. Во лабораторијата ќе може иноватори, претприемачи, ученици, наставници и цела заинтересирана јавност, да тестираат идеи, учат и да експериментираат во насока на креирање на иновации.

Дополнително во лабораторијата ќе има простор да се работи и на друг тип на иновативни решенија во областа на биотехнологиите како на пример истражување на структурата на ДНК или демонстрирање како работи PCR машина.

– Знаеме дека поголем дел од населението сега живее во градовите, а се очекува до 2050 година дури 60% од населението да живее во градовите и затоа потребно е да се најдат начини како животот во градовите да стане полесен и поодржлив за целото ова население.

Реализирањето на овој инспиративен проект во СУГС Марија Кири Склодовска, ќе му помогне на училиштето да се поврзе со научните и истражувачките центри, а со тоа ќе добие додадена вредност на самите наставни програми и на образовните програми на своите ученици – кажа денеска на отворањето на биолабораторијата Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП.

На отворањето на лабораторијата присуствуваше и Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ, која нагласи дека од неизмерна важност е учениците да имаат на располагање простор каде што ќе имаат можност да учат, да напредуваат и дека програмата на Биотехнолошката лабораторија ќе придонесе кон раст на иновациите и претприемништвото во рамките на формалниот образовен процес и ќе поттикне интерес кај учениците да го продолжат својот кариерен развој во науката.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте