Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи учествуваше на Балканскиот Форум во Будимпешта.
Министерот Османи имаше обраќање на панел дискусијата заедно со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто, министерката за Европа и надворешни работи на Албанија Олта Џачка и министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.
“2030-та е реална цел за обединување на Европскиот континент преку вклучување на Балканот во ЕУ. Kрајно време за ЕУ да го реализира и потврди отворениот пат за Западен Балкан кон членство во ЕУ, даден уште во 2003 година на кој регионот напорно работи изминатите декади. Ова ќе претставува охрабрување и за Украина, која соочена со директна воена агресија, исто така го брани нивниот избор за почитување и припаѓање кон европските вредности”, истакна Османи.
На маргини на Балканскиот Форум во Будимпешта, Османи реализираше бројни средби со хомолози од регионов.