spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Швајцарија е докажан партнер во заштитата на животната средина во нашата...

МЖСПП: Швајцарија е докажан партнер во заштитата на животната средина во нашата држава

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари прва работна средба со амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман на која дискутираа за добрата соработка на нашите две држави во областа животна средина и идните планови за нејзино продлабочување.

 

Во разговорот беше потенцирана долгогодишната поддршка на Швајцарската Влада во делот на управување со водите, заштита на природата и намалување на ризикот од поплави. Министерката Шукова истакна дека покрај овие области, приоритет во наредниот период ќе биде и управувањето со отпадот и воспоставувањето на системот за регионално управување со отпад што секако бара големи финансиски средства, зајакнување на капацитетите на локално ниво, како и добра координација на вклучените страни.

 

Од страна на швајцарската амбасадорка Улман беше најавено дека и покрај тоа што  Програмата за заштита на природата финансирана од нивна страна е во завршна фаза, тие  се подготвени и понатаму да ги поддржуваат процесите за заштита на природата. Исто така, амбасадорката Улман ја најави новата десетгодишна Програма за управување, користење и заштита на подземните води во Република Северна Македонија за која воведниот настан е планиран за утре, 9 март. Она што како можност е најавено, е развивање на проектот за заштита од поплави во Полошкиот регион и примена на добиените резултати на територијата на целата држава.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте